Населено место без уличен систем бр. ТИРЗ Р-605 Свидовица, Струмица

Друштво за производство АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ СТРУМИЦА

Ние сме второ отворената фабрика на Адиент во Македонија. Нашата фабрика е сместена во технолошко – индустриската развојна зона во Струмица, со површина од 12.500 м2 и е опремена со врвна технологија за производство на навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за потребите на клиентите на европскиот пазар. Успешниот развој на овој производствен систем покажува дека нашите вработени се активни, динамични, флексибилни, вклучени, добро обучени и одговорни. Со еден збор тие се промотори на оперативна извонредност, континуирано подобрување и иновации, дел од културата со високи перформанси на кои се обрати Адиент. Заедно со нив, ние сме посветени на совршенство во се’ што правиме, да испорачуваме квалитет и да испорачуваме ефективно.

Со нашите 1500 вработени произведуваме и испорачуваме автомобилски седишта за сите класи на возила и сите големи ОЕМ производители. Од комплетни системи за седење, до поединечни компоненти, нашата експертиза се протега во рамките на секој чекор од процесот на производство на автомобилски седишта. Нашите интегрирани вештини што ги поседуваме ни овозможуваат да го опфатиме целиот процес, почнувајќи од истражување и дизајн, па се’ до инженеринг и производство, а сето тоа стигнува во повеќе од 25 милиони возила годишно. Посветени сме на она што го правиме најдобро: испорачување водечки компоненти и системи кои и носат на нашата компанија и на клиентите секогаш успех.

Друштво за производство АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ СТРУМИЦА
Населено место без уличен систем бр. ТИРЗ Р-605 Свидовица, Струмица

Телефон за контакт: 0038934369424

Следете нè:
Facebook
Instagram
LinkedIn