ТИРЗ – Технолошко Индустриска Развојна Зона бр. 14 – Штип

Друштво за производство Адиент Сеатинг ДООЕЛ – Штип

Адиент Сеатинг Штип е дел од големото Адиент семејство за производство на навлаки за автомобилски седишта. Ние заедно со нашите 2200 вработени сме посветени на навремена испорака на квалитетни производи. Работиме на постојано подобрување на нашите производи преку постојано обучување на вработените, следење на технологијата, инкорпорирање на последните иновации и имплементирање на Poka Yokе во повеќе сегменти од работењето. Започнавме во 2011 година со производство на првите навлаки, денес прозиведуваме висококвалитетни навалки кои се вградуваат во автомобилите на најпознатите брендови во автомобилската индустрија. Главен мотив кој нѐ води напред е врвниот квалитет на нашите производи, континуирано подобрување преку воведување на иновации кои се резултат на посветената работа на нашите вработени за кои обезбедуваме безбедни услови за работа.

Сведок за нашата посветеност се многубројните награди како:

  1. Сребрена награда на Олимпијадата за Квалитет 2014 година
  2. Највисока оценка добиена од интерна ревизија – 2015 година
  3. Златна награда на Олимпијадата за Квалитет 2015 година
  4. Сребрена награда на Олимпијадата за Квалитет 2016 година
  5. Сребрена награда на Олимпијадата за Квалитет 2017 година

кои ни се мотив за постојано подобрување и усовршување.

Друштво за производство Адиент Сеатинг ДООЕЛ – Штип
ТИРЗ – Технолошко Индустриска Развојна Зона бр. 14 – Штип

Телефон за контакт: +38932226300

Следете нè:
Facebook
Instagram
LinkedIn